недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Божиновски: Оваа власт ја донесе Македонија на едно такво ниво на корупција кое што е претходно незабележано

Божиновски: Оваа власт ја донесе Македонија на едно такво ниво на корупција кое што е претходно незабележано

– Методологијата на Транспаренси Интернешнл е истата во изминатите 22 години. Значи од 1999 година кога се забележува тоа и се мери таа перцепција до сега методологијата е таа. Токму сегашната власт, а тогашна опозиција најмногу и замеруваше со тоа „Нема правда, нема мир“ на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија потонала во корупција. А, 2015-тата година ние бевме на 66-тата позиција, а сега по истата методологија сме на 111 позиција. Значи дупло повеќе, појасни Владимир Божиновски гостувајќи во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Божиновски додаде дека и правдањето на Николовски и Маричиќ не им поминува, бидејќи граѓаните гледаат но и го чувствуваат криминалот на секој чекор во земјава. Тоа што СДСМ вети пред да дојде на власт ништо не исполни.

– Факт е дека во Македонија, во моментов го проби дното на корупција. Во моментов ситуацијата и состојбата со корупцијата во Македонија е на најлошото ниво од кога Транспаренси Интернешнл го објавува овој Извештај за Македонија, а тоа е 1999 година, рече Божиновски.

Божиновски посочи дека власта не може на никој начин да се обиде да го оттргне тоа од себе и да ги обвинува граѓаните или опозицијата.

– Едноставно, оваа власт успеа да ја донесе Македонија на едно такво ниво на корупција кое што е претходно незабележано. Ова само на некој начин се надоврзува и на оние истражувања кои што ги работевме ние на една национална телевизија. Каде што на неколку пати се мереше таа перцепција за корупција и едноставно фрапантни беа резултатите од тоа колку граѓаните сметаат дека корупцијата постои, истакна Божиновски.

Божиновски рече дека зголемувањето на корупцијата се поврзуваат со скандалите кои што се случуваат секој ден како за Катица Јанева, „Рекет“, „Рекет 1“, „Рекет 2“, некои вработувања на високи функционери, роднини итн.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија