понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 8
home Вести

Божиновски: Општата болница во Охрид стана ковид центар, граѓаните се оставени самите на себе, а власта не покажува грижа за нивното здравје

Божиновски: Општата болница во Охрид стана ковид центар, граѓаните се оставени самите на себе, а власта не покажува грижа за нивното здравје

Недостаток на лекови, недостаток на терапија, немање протоколи на лечење, здравствени работници без заштитна опрема се само дел од проблемите и хаосот којшто се случува во здравството. Доколку за Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и Министерството за здравство инвестициите во здравството им беа приоритет наместо лажниот ПР сега изградбата на модуларната болница ќе беше завршена и болницата во Охрид подготвена ќе го дочекаше есенскиот бран од коронавирусот, изјави на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

– Поради неспособноста сега одделенијата од Општата болница се адаптирани во ковид центри, целата болница стана ковид центар исто како и Кардиолошкиот центар иако луѓето со кардиоваскуларни заболувања се најкритични, вели тој.

– Ако ние не правиме болници, Србија направи два ковид центри, што направивија тогаш луѓето од власта?
Болничките капацитети се преполни, хронично болните ги ставивте во ризик, медицинскиот кадар е исцрпен и бројот на заразаени медицински лица е сè поголем. Граѓаните се оставени самите на себе, а како власт воопшто не покажувате интерес и грижа за нивното здравје. Затоа што не можете да се носите со проблемите треба да понесете директна одговорност, додаде Божиновски.

Коронавирус