петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Божиновски: Охриѓани се потпишуваат на граѓанската иницијатива и ви упатуваат јасна порака: „НЕ“ за фалсификат попис

Божиновски: Охриѓани се потпишуваат на граѓанската иницијатива и ви упатуваат јасна порака: „НЕ“ за фалсификат попис

Без ни малку срам СДСМ објавува конкурс за попишувачи на својата официјална партиска Фејсбук страница. Ако станува збор за статистичка операција тогаш власта се подготвува за партизација на процесот на попишување со цел лажиран и политички попис, изјави денеска за медиумите, Перчо Божиновски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

– СДСМ Охрид и пратеничке Жаклина Лазаревска, повикувате ли партиски војници на конкурс да спроведуваат државен попис? Или партиско членство ќе ажурирате преку Општинската пописна комисија која ќе избира теренски попишувачи? Дали тоа ќе бидат блиски луѓе на секретарот на Општината и партиски членови? Кои се луѓето од секторот за финансии кои ќе бидат дел од Комисијата и добијат надомест од околу 500 евра? Дали помошничката на Лазаревска сега нововработена во општината и секретар на партиската младина дополнително ќе инкасира 500 евра, прашува тој.

– Оваа Комисија ќе одлучува кои попишувачи ќе бидат ангажирани на терен исклучиво по партиски клуч! Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, па повлечен од партиските послушници е класичен доказ дека се работи за политичка операција, а не статистички попис. Навистина срамно и мизерно! Ете затоа охриѓани се потпишуваат на граѓанската иницијатива и ви упатуваат јасна порака, НЕ за фалсификат попис, додава Божиновски.

Коронавирус