среда, 11. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: Новата влада треба да биде одговорна за следниот пораз

Божиновски: Новата влада треба да биде одговорна за следниот пораз

Влада на СДСМ нема политички легитимитет после поразот на локалните избори, во кои својот политички авторитет го вложи Зоран Заев, вели во изјава за Фокус политичкиот аналитичар и универзитетски професор Владимир Божиновски.

-Едно е да правиш промени во опозиција, а друго на власт, кога не можеш да се ослободиш од разни спреги и влијанија. Во случајов, не станува збор за влада избрана по добиена поддршка на парламентарни избори, туку за влада со нов премиер, поставен за лидер на СДСМ со поддршка на неговиот претходник, кој одлучи да се повлече после изборен пораз, посочува Божиновски.

Тој додава дека зад заминувањето на Заев и поставувањето на Димитар Ковачевски за нов лидер на СДСМ и премиер се крие обид за трансферирање на одговорноста врз други луѓе од, според него, изборниот пораз што неминовно ќе следува.

-Сите истражувања покажуваат дека на следни парламентарни избори СДСМ ќе загуби од ВМРО-ДПМНЕ, само прашање е со колкава разлика. Затоа, се прави еден вид кризен менаџмент, така што следниот изборен пораз треба да се им се припише на новите луѓе, а старите или дел од нив можеби да се вратат како спасители, коментира Божиновски.

Коронавирус