петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Божиновски немал намера да бега: Треба да се грижам за болната сопруга и двете деца

Божиновски немал намера да бега: Треба да се грижам за болната сопруга и двете деца

Поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски на денешната јавна седница во Апелацискиот суд побара да му биде укинат притворот за случајот „Титаник” на СЈО, бидејќи како што рече, неговата сопруга е со нарушено здравје и треба да се грижи за двете деца.

-Јас имам семејство, татко сум на две малолетни деца, едното има 3 години, другото година ипол. Мојата сопруга има нарушена здравствена состојба со многи предизвици во таа насока ( за што од поодамна е запознаена почитуваната обвинителка, а кај адвокатите се наоѓа соодветна документација), поради што е неопходно да бидам во својот дом и да се грижам за семејството. Тоа е и причината која сé уште немам стапено во работен однос, по завршувањето на мојата апанажа во јуни-јули оваа година. Единствено што посакувам и мојот единствен план во однос на овој процес, е да ја докажам својата невиност пред судот и пред надлежните институции во оваа држава, согласно позитивните законски прописи и процедури, истакна Божиновски.

Тој го замоли судот да му ја укине мерката притвор и да му дозволи да ги увери и да им докаже дека како и досега, така и во иднина, во целост и без исклучок ќе го почитува судот и институциите на системот, и редовно ќе се јавува на сите нивни покани, за што денеска даде ветување и збор.

Локални избори 2021