недела, 9. мај 2021. Вести денес: 54
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Вести

Божиновски: Нека ни земат СЕ, но Елена нека ја пуштат дома за да биде со своите деца

Тој изјави дека условите во кои се наоѓа неговата сопруга и сите приведени лица се многу лоши. Божиновски рече дека е оптимист и дека се надева дека ќе надвладее човечкиот разум и ќе победи човечноста, а на овој случај ќе се изгради Македонија како правна држава и почне да функционира како правна држава. 
Божиновски: Нека ни земат СЕ, но Елена нека ја пуштат дома за да биде со своите деца

Елена е голем верник. Значи она не сакаше Божиќниот пост да го прекине и во Шутка. Третиот, четвртиот ден кога прв пат имавме комуникација преку адвокатите, кога излезе адвокатот првото нешто што ми го кажа беше: Кажи му на Игор да не се лути, ама јас постот и овде не го прекинувам. Првиот пат кога се видовме, јас имав една семејна трагедија во 2004 година и ми кажа се сеќаваш ли тогаш како ти кажав најтешките битки Господ им ги дава на најсилните борци. Изгледа дојде мојата борба, пренесува Игор Божиновски, сопругот на приведената Елена Божиновска за настаните од 27-ми април, во гостување на телевизија НОВА во емисијата „Отворено студио“

Божиновски, додаде дека во судот доставиле докази и материјали за состојбата во која се наоѓала неговата сопруга и за состојбата во која се наоѓа целото семејство. Тој додаде дека не сака медиумски да ја експонира моментална ситуација во која се наоѓаат нивните две малолетни деца и состојбата на нејзината мајка која боледува од Паркинсова болест која за жал после притворањето на Елена болеста била во се понапредна фаза.

Нејзиниот татко за да се промени мерката притвор, целокупниот свој имот го достави преку писмена нотарска гаранција со приложена документација од овластен проценител.

-Еве земете се, само пуштете ја дома да биде со децата, кажа Божиновски.

Коронавирус