петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 189
home Вести

Божиновски: Малите политички партии се во уникатна ситуација каде они можат да одлучат дали ќе постои или не оваа Влада повеќе

Божиновски: Малите политички партии се во уникатна ситуација каде они можат да одлучат дали ќе постои или не оваа Влада повеќе

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма, гостуваше Владимир Божновски од институтот за политички истражувања. Тој посочи дека малите политички партии сега се наоѓаат во уникатна ситуација каде они можат да одлучат дали ќе постои или не оваа Влада.

„Сегашната владејачка партија СДСМ се залагаше во 2016-та година за една изборна единица и со тоа ги привлече во коалиција другите мали партии. Тогаш тие велеа проблемот бил ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ без проблем ќе гласаат за една изборна единица“, рече Божиновски.

Божиновски потренцираше дека во моментов малите политички партии се во една уникатна ситуација каде они можат да одлучат дали да постои или да не постои оваа Влада повеќе. Ретко дека повторно би имале ваква шанса и веројатно сега ќе се обидат да го направат тоа со една изборна едница.

„Малите партии знаат дека сега е моментот бидејќи имаат легитимитет од локаните избори каде излегоа сами и освоија преку 20,000 гласови, а од друга страна имаме мнозинство кое е хетерогено“, кажа Божиновски.

Коронавирус