петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Божиновски: Куманово поради неодговорноста на СДСМ е лидер по загаденост на воздухот во светски рамки!

Божиновски: Куманово поради неодговорноста на СДСМ е лидер по загаденост на воздухот во светски рамки!

Најпрвин една благодарност до вас затоа што во ова време невреме предизвикано од пандемијата со КОВИД – 19 вирусот и оваа енормна загаденост околу нас професионално си ја вршите својата работа, и секогаш сте на висина на задачата. Уште еднаш благодарност до сите вас, ова го истакна Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест во Куманово.

-ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со своите протести. ВМРО-ДПМНЕ останува на улица. Денеска во Република Македонија, конкретно во пет града во Битола, Струмица, Тетово, Скопје и се разбира во Куманово одржуваме тематски протести на тема на загадување на воздухот. И не случајно Куманово е во фокусот на оваа тема затоа што Куманово за жал на сите нас, на сите Кумановчани, ќе ве потсетам минатата есен, минатата зима беше лидер по енормното загаденост со познатите ПМ-10 честици. Лидер не само во Република Македонија, не во Европа туку во светски рамки рамо до рамо со најзагадените градови во светот, со градовите во Индија итн. За жал песимистички се прогнозите и за оваа есен, и за оваа зима што се пред нас. Сега секако зајакнати со актуелната пандемија со КОВИД-19 вирусот. Оваа власт на СДСМ, ќе ве потсетам не така одамна 2016-тата година пред да ја преземе власта во Република Македонија, и овој човек овдека пред да седне во својата фотелја за градоначалник, г. Максим Димитриевски од уста не ја вадеа темата со загадување на воздухот. Се изнаслушавме разно разни нивни планови, нивни визии за решавање на овој проблем, се изнаслушавме од Ајро, се изнаслушавме за нивниот Алпски воздух кој само што дошол во Република Македонија откако тие ќе дојдат на власт. Но на дело видовме најнеспособна власт како на централно така и на локално ниво да се соочи и да се справи со овој проблем, вели Божиновски.

Тој додава дека не да го отстрани загадувањето барем да го намали. Во овие три години Максим Димитриески ги истроши без да спроведе ниедна конкретна мерка со што ќе го намали загадувањето во Куманово кое е од огромни размери и е огромна штета по животот и здравјето на нашите сограѓани. Три години Максим Димитриески не превзема ниту еден проект ја нема ниту она фамозна интензивна гасификација. Ги нема никаквите најавени мерки на краток и на среден и на долг рок за да се справи со огромната загаденост во нашиот град но секако сега со влез во последната година во мандатот на градоначалникот ќе се наслушаме разно разни шарени лаги за проекти кои тој планира да ги спроведе за да колку толку добијат чист воздух граѓаните но тие исти граѓани заедно со ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ќе го потсетуваме дека тие негови проекти не само што требаше да бидат започнати досега туку огромен дел од нив требаше да бидат и завршени.

-ВМРО-ДПМНЕ за овој прв протест во низата протести што следуваат се реши на симболичен начин да му остави на градоначалникот една тегла со чист воздух за него и за неговата општинска администрација барем да се надишат утре кога ќе дојдат на работа тој и неговата администрација кога тоа не можеме да го сториме ние нашите семејства и нашите деца. И му се извинуваме овој пат на Максим Димитриевски затоа што првичната идеја не можевме да ја реализираме да му оставиме толкав број на тегли колку што има ПМ-10 честички во воздухот во Куманово затоа што ќе требаше да му донесеме петстотини шестотини или кој знае колку многу тегли со чист воздух колку што има ПМ-10 честици загаденост на воздухот во Куманово, рече Божиновски.

Коронавирус