недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски кон советниците од СДСМ: Уште колку пати ќе плукнете и згазите по жртвата на полицајците од Диво Насеље?

Божиновски кон советниците од СДСМ: Уште колку пати ќе плукнете и згазите по жртвата на полицајците од Диво Насеље?

Советниците од СДСМ во општина Куманово гласаа против предлогот за изградба на споменик на загинатите припадници на безбедносните сили во антитерористичката акција во населбата Диво Насеље.

Ова предизвика жестока реакција во јавноста. Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски на советниците од СДСМ им порача да засрамат за својот потег.

-Советници од #СДС, зошто денеска гласавте против Предлог-иницијативата за изградба на споменик на #бранителите од Диво Насеље? Тоа е најмалку што можеме да сториме во нивна чест, спомен и знак на благодарност за нивната жртва. За достоен споменик во чест на нивната жртва не сакате дури ни да дебатирате. Засрамете се! Малку беше што се сликавте со јатаците на терористите додека ги сохрануваа бранителите! Уште колку пати ќе плукнете и згазнете на нивната жртва?, напиша Божиновски на својот Фејсбук профил.

Најнови вести

Коронавирус