сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 56
home Вести

Божиновски: Граѓаните се иселуваат поради правната и економска несигурност што им ја наметна оваа криминогена власт на СДСМ

Божиновски: Граѓаните се иселуваат поради правната и економска несигурност што им ја наметна оваа криминогена власт на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со теренска кампања со која партиски тимови ги посетија речиси сите градови и населени места во Република Македонија.

Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска го преводеше тимот во Ранковце, каде разговараа со жителите на оваа општина, за актуелната политичка и економска состојба во државата.

-Но и да ги слушнеме нивните проблеми, да разбереме за нивната мака, во заеднички муабет да се обидеме да најдеме решенија за нивните проблеми. И да ветиме дека голем дел од нив ќе бидат инкорпорирани во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори на 12-ти април 2020 година. Овдека во Ранковце, како што можевме да слушнеме, а впрочем и во цела Македонија, со посебен акцент на Источна Македонија, најгорлив проблем е егзодусот на населението што се случува овие три години како е СДСМ на власт. Ова иселување што се случува во Република Македонија е од невидени размери, се иселуваат цели семејства дури и оние што се добро ситуирани. Се иселуваат поради правната и економска несигурност што им ја наметна оваа криминогена власт на СДСМ. Со длабока разочараност и со болка, овде жителите во Ранковце можевме да слушнеме дека речиси да нема млад човек што останал овдека во оваа општина. И тоа мора да запре, тоа мора да престане. И ние како нова Влада на Република Македонија што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ е после априлските избори се обврзуваме да преземеме енергични мерки, да преземеме политики со кои ќе креираме услови да ги задржиме нашите луѓе овдека блиску до своите огништа, вели тој.

Божиновски порача дека жителите на Ранковце ги тиштат, ги мачат и реалните проблеми.

-Овдека на секој чекор можеме да слушнеме за длабоката разочараност од нереализираните ветувања, од многуте лаги што СДСМ ги донесе овие три години како ја практикува власта во Република Македонија. И затоа заклучокот и овдека и секаде каде што одиме низ државата е речиси едногласен на 12 април заминува во историјата најлошата влада што некогаш креирала политика во Република Македонија. Заминува во историјата, на црната страна на историјата владата која не донесе ниту еден проект, која нема ниту една мерка која го подобри животот на граѓанинот. Владата која што нема слух за реалните проблеми туку едноставно донесе со себе беззаконие, неправда, криминал, корупција, понижување, подгазување на оние државни македонски национални интереси.     Исто така овдека во Ранковце на секој чекор можеме да слушнеме од жителите и за неспособноста на актуелниот градоначалник кој речиси еве две години е на власт, а ниту еден проект кој го вети пред да дојде на оваа функција нема реализирано. Ниту една шајка нема заковано. Нема ни абер од толку помпезно најавените индустриски зони во селото Петралица и во селото Криво крувче. Самите луѓе овдека знаат како на каубојски начин се распоредуваше селективно гребаниот асфалт од регионалниот пат кај блиските луѓе до градоначалникот и луѓето, оние малкумина што останаа да го поддржуваат СДСМ. И да знаат еве им порачуваме дека имаме документација за сите тие нивни активности. Пред некој ден од надлежните институции општина Ранковце беше прогласена за најнетранспарентна општина во Република Македонија. И впрочем во еден збор да го сублимираме сето она сивило, онаа неспособност, онаа неработа на централната власт буквално е пресликана овдека во општина Ранковце, во ликот и делото на актуелниот градоначалник. И затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ силно ќе победи на 12-ти април. Граѓаните ќе дадат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на програмата што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди. И заедно со нив ќе почнеме од корен да ги менуваме работите. Заедно со нив на 13-ти април започнуваме со обнова, онаа вистинска обнова на Република Македонија, порача тој.

Коронавирус