петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Божиновски: А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната?

Божиновски: А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната?

Денеска во медиумите излезе информацијата дека оние кои што нема да го почитуваат Законот за јазиците кој насилно беше донесен вчера во Собранието на Република Македонија,  ќе платат казна од 4 000 до 5 000 евра во денарска противредност.

-А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната, праша политикологот Владимир Божиновски во емсијата „Топ Тема“ на Телма ТВ.

Освен овој недостаток, Божиновски наведе низа на недоследности кои го има овој закон за кои не било дискутирано во Собранието и истите не биле отстранети.

-Се укажаа на повеќе недоследности во самиот закон. Зошто тие недоследности не беа отстранети? На пример, законот уредува материја, закон кој што се носи со апсолутно мнозинство од 61 пратеник треба да уредува материја во системски закони кои што се носат со 81 пратеник. Невозможно е тоа, истакна Божиновски.

Тој наведе дека овој закон стана проблематичен уште од ставање на европското знаменце на законот. Божиновски се консултирал со многу експерти кои ја познаваат оваа проблематика и сите до еден му потврдиле дека овој закон неможе да биде со европско знаменце.

Божиновски додаде дека нетребало да се брза за да се воведе овој Законот за јазиците. Тој посочи дека од старт овој закон е проблематичен и пред се треба да се дискутира за да овој закон биде прифатлив и за македонската јавност.

Најнови вести

Коронавирус