сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 55
home Вести

Бостанџиите се кренаа на протест, Владата без слух за откупот

Бостанџиите се кренаа на протест, Владата без слух за откупот

Откуп на бостанот нема ниту денеска, причината повторно е ниската цена за откуп. Земјоделците незадоволни од односот на Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски кој не презема ништо за решавање на овој проблем.

Цената по која треба да се врши откупот денеска е три денари, а е главната причина поради која откупот е стопиран, а земјоделците се решија за протест.

Бостанџиите велат дека цената на бостанот три денари, што според е катастрофа. Тие упатија повик и до министерот да дојде да ја среди работата.

-Три денари, бостанот скапа по нивите, што не оди. Го повикувам министерот итно да дојде, да види каква е ситуацијата и Владата да засука ракави, да му помогне на земјоделецот, изјави еден од земјоделците.

Тој кажа дека бостанот ќе скапа и дека Владата треба да помогне за оваа земјоделска гранка да не исчезне.

Ова е втора година откако производителите на бостан маки мачат со ниската откупна цена откако СДСМ  е на власт нивните проблеми никако не завршуваат, а револтот е се поизразен деновиве поради слабата реакција на владата на СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој ветуваше „подобар живот за сите“.

Инаку, земјоделците веќе неколку дена реагираат на катастрофалната цена за откуп на бостанот.

-Нас три денари не не покриваат воопшто. Тука сме на нивата и ја гледаме каква е состојбата со бостанот. Бостанот ни е уништен веќе. 50 до 60% сигурно ќе ни остане на нивата. Лани се надевавме на некаков откуп, имаше некаков откуп, зедовме за трошоците пари ама таа година е многу поголема катастрофа од лани, кажа пред два дена Станислав Пујкиловиќ, земјоделец од струмичко, кој пред камерите на медиумите ја коментира трагедијата со која се соочуваат.

Не требаше да помина долг период за да се види дека владата на СДСМ ги остави земјоделците буквално на цедило. Минатата година земјоделците се жалеа на несериозноста од страна на министерот Николоски и во знак на револт беа принудени да протестираат и бостанот да го фрлаат  пред министерството за земјоделие. Истиот проблем земјоделците го имаат и оваа година кога владата нема слух за нивните проблеми. Според домашните одгледувачи, министерството за земјоделие воопшто не ги сфаќа сериозно нивните барања и проблеми.

Граѓани стравуваат и за животна егзистенција за себе и за своите семејства, бидејќи одгледувањето на бостан им е единствен пат до доаѓање на парче леб за нивните семејства.

 

Коронавирус