вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

Бостанџиите и производителите на пченица во катастрофална состојба додека министерот Николовски ужива во Франција (ФОТО)

Бостанџиите и производителите на пченица во катастрофална состојба додека министерот Николовски ужива во Франција (ФОТО)

Додека овие денови земјоделието е клекнато на колена од страна на Љупчо Николовски тој на својот Фејсбук профил објавува дека удобно ужива во Париз, Франција.

Земјоделците пред неколку денови започнаа масовно да ги кршат бостаните незадоволни од откупната цена која е само три денари.

Незадоволните бостанџии решија да го стопираат откупот, бидејќи како што велат цената која е моментално, не им е доволна ниту да ги вратат трошоците кои се направени за одгледувањето.

Тие се крајно револтирани од односот на Владата, Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски.

А освен бостанџиите во слична состојба се наоѓаат и производителите на пченица кои на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и Николовски.

Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не. Ветувањата што Николовски им ги даде на мелничарите дека проблемите ќе ги реши до 30 јуни и дека ќе ја стабилизира состојбата на жетвата се покажаа како една голема лага. Не само што не се решени проблемите туку мелничарите се заканија дека нема да вршат откуп, а земјоделците ќе нема каде да ја пласираат нивната реколта, ова се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај оваа катастрофална состојба во земјоделието министерот без срам кон земјоделците се пофали на социјалните мрежи дека во моментов е делегат во Меѓународната организација за вино во Париз, Франција додека состојбата со бостанџиите и производителите на пченица тука во Македонија е повеќе од алармантна.

Коронавирус