петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 46
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Бошњаковски: Многу скоро решение за барањето на специјализантите

Бошњаковски: Многу скоро решение за барањето на специјализантите

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека многу скоро ќе се реши ситуацијата со специјализантите по медицина кои упатија отворено писмо до премиерот да им биде исплаќан надоместок.

– Во однос на ова се работи за нови специјализанти од март 2018, тоа е пред само месец и половина. За нив ќе биде или истото решение како претходно или дел од нив ќе бидат вработени. Многу наскоро нивната ситуација ќе биде целосно решена и тие се информирани, рече Бошњаковски.

Лани во септември Владата донесе одлука за специјализантите од минатата година и тие го добија надоместокот.

Коронавирус