среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 38
home Вести

Бошњаците во Македонија го одбележуваат својот национален празник

Бошњаците во Македонија го одбележуваат својот национален празник

По повод Денот на Бошњаците вчера во општина Петровец се одржа Фестивал на фолклорот „Коњаре 2018“, на кој учествуваа повеќе фолклорни групи претставувајќи се со ора и песни од сите народи што живеат во Република Македонија.

ден на бошњаци

На фестивалот присуствуваа градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, пратеникот во Собранието на РМ, Зеќир Рамчиловиќ, претставници од Министерството за култура на РМ, претседателот на Бошњачки Демократски Сојуз, Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачка Демократска Партија, Салко Куч, претставници на политички партии и здруженија и голем број Бошњаци од различни делови на нашата држава.

ден на бошњаци

Пратеникот Рамчиловиќ во своето обраќање пред присутните истакна дека веќе подолг период не чувствува никаква потреба на било кого да му објаснува за името на еден стар европски народ.

– Но, не смееме да заборавиме дека пред повеќе од еден век ни го сменија името од Босна во Босна и Херцеговина, ни забранија да се изјаснуваме како Бошњаци, ни забранија да го нарекуваме босански својот јазик, се обидоа да не асимилираат, ни нанесоа геноциди…, некој интензивно се трудел да не нема. Токму затоа треба да го одбележуваме „28 септември“, денот кога го вративме своето вековно и единствено име, денот кога ја вративме својата национална гордост, рече Рамчиловиќ.

Во рамки на одбележувањето Здружението Диван, објави збирка поезија „Мостови на пријателство 2“ подржана од Министерството за култура, во која најмногу се застапени автори Бошњаци од регионот со која симболично го честита Денот на Бошњаците.

По повод Денот на Бошњаците денеска ќе биде одржана и трибината „Предизвици на босанскиот јазик кај бошњачката заедница во Република Македонија“ со учество на јазичари, историчари од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија,а ќе биде промовирана и книгата „Па све до Стамбола“ од академикот Фатмир Бачи.

МИА

Коронавирус