четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бошњаците најавуваат бојкот на пописот доколку не се исправи грешката со јазикот

Бошњаците најавуваат бојкот на пописот доколку не се исправи грешката со јазикот

Бошњаците во Република Македонија најавуваат бојкот на пописот доколку не се исправи грешката со јазикот. Односно бараат исправка наместо босански, јазикот во електронскиот образец за попис е изменуван како Бошњачки.

Поради ова денеска пристигна реакција од Бошњачкиот демократски сојуз.

Од оваа партија велат дека неколку пати реагирале до институциите на Македонија, како што се Влада, МВР, но како што велат оваа грешка постојано се повторува.

Од БДС ги повикуваат сите надлежни институции веднаш да ја исправат оваа грешка, односно наместо Бошњачки, да се промени во Босански јазик.

Доколку тоа не биде сторено, БДС ќе ги повика Бошњаците од Македонија да го бојкотираат пописот.

Бараат од сите институции на Македонија еднаш и засекогаш дека никој нема право да го менува национален и верски идентитет и дека институциите се обврзани тоа да го почитуваат и применуваат.

Коронавирус