вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Бошкоски и Ласкова по 50.000, Иванна 43.000 денари -колкави се платите на сите советници на Заев

Бошкоски и Ласкова по 50.000, Иванна 43.000 денари -колкави се платите на сите советници на Заев

Колку тежат советниците на премиерот Зоран Заев? На барање на Плусинфо по слободен пристап до информации од јавен карактер, Владата ни достави детален список сосе сите 55 советници на премиерот и нивните плати.

Во одговорот од Владата на прашањето на Плусинфо колку пари се издвојуваат од државната каса за платите на ангажираните советници во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија се содржани информации за исплатените нето и бруто плати на сите посебни и надворешни советници на премиерот.

Според претходните пресметки, советниците на Заев тежат околу половина милион евра годишно, што, како што велат од Владата, е тројно помалку од износот што го трошела поранешната влада на Никола Груевски.

Груевски во периодот од 2010 до 2016 година имал ангажирано 91 советник и надворешен соработник за кои годишно се исплаќало 1,73 милиони евра.

Список на советници:

1. Мила Стаменова, советник за комуникација со министерствата – нето 44.698 денари, бруто 66.888 денари;

2.Зоран Бојаровски, советник за медиумски реформи – нето 44.698 денари, бруто 66.888 денари;

3.Илија Жупаноски, советник за дигитални комуникации – нето 44.698 денари, бруто 66.888 денари;

4.Весна Коваческа Трпческа, советник за информативни активности – нето 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

5. Иванна Хаџиевска Кошевалиски, советник за протоколарни активности – нето 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

6. Олимпија Христова Заевска, советник за меѓународна економија и развој – нето 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

7. Ивана Јордановска, советник за соработка со меѓународни организации – нето 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

8. Христијан Горгиевски, советник за односи со Собрание на РМ и законодавство – нето 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

9. Светлана Силјаноска, советник за организација на настани – не 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

10. Сања Богатиновска, советник за истражувања и анаЛизи – нето 42.941 денари, бруто 64.212 денари;

Посебни советници:

1. Тања Чачарова Илиевска, посебен советник за правда – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

2. Дане Талески, посебен советник за надворешни работи – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

3.Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

4. Цвета Ласкова, посебен советник за култура – нето 50.000 денари бруто 74.957 денари;

5. Драган Јованов, посебен советник за животна средина и просторно планирање – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

6. Љупка Цветкова, посебен советник за администрација – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

7.Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

8.Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

9. Фидан Колев, посебен советник за транспорт и врски – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

10. Рубин Земон, посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

11. Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

12.Фатмир Битиќи, посебен советник за спроведување на Рамковниот договор – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари;

13. Горги Тасев, посебен советник за млади и спорт – нето 50.000 денари, бруто 74.957 денари.

Останатите плати на надворешните советници погледнете ги на следниот линк

Коронавирус