четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 108
home Вести

Борисов со порака до Зоран Заев

Борисов со порака до Зоран Заев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, му порачал на неговиот македонски колега, Зоран Заев да не поднесува оставка откако станува извесно дека на овој Самит на ЕУ нема да биде донесено одлука за доделување на датум за почеток на пристапни преговори за Македонија.

„Пред Советот долго зборував со Зоран Заев и му реков да не си дава оставка, зашто тој заврши многу работа и има уште да се направи“, изјави Борисов. Борисов кажа дека „за Северна Македонија и за Албанија ништо не е заклучено, туку како што беше формалното објаснување на Советот, решението е одложено за мај за време на хрватското претседателство“.

Коронавирус