Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Јосеп Борел изјави дека со министрите за надворешни работи на Унијата се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија за почеток на преговори со Унијата…
Борел, потврди и дека идната недела се поканети на вечера лидерите на шест земји од Западен Балкан, на разговори за стратегијата на ЕУ во регионот.
„ За време на нашата дискусија имаше договор за потребата за Западен Балкан да ги забрза реформите за ЕУ и да се засили позитивниот и конструктивен наратив. Мораме да продолжиме со процесот на пристапување на Албанија и Македонија и патем речено, никогаш немаше некаква намера за одвојување на двете земји во процесот на пристапување.”рече Борел.