понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 141
home Вести

БОРБА ЗА ПРАВДА И ПРАВДИНА: Организаторот на протестите во Тетово Блерим Ахмеди започна штрајк со глад

БОРБА ЗА ПРАВДА И ПРАВДИНА: Организаторот на протестите во Тетово Блерим Ахмеди започна штрајк со глад

Осумдневен притвор му е определен на организаторот на протестите од петокот во Тетово, Блерим Ахмеди, на кој се бараше правда и одговорност за 14-те жртви кои што живи изгореа во тетовската ковид модуларна болница.

Ахмеди од Кичево, познат како организатор на многу протести за правда, тој преку ноеговиот адвокат информираше дека започна штрајк.

Во конкретниот случај со настаните од протестот во Тетово беа уапсени пет лица, а Блерим ахмеди беше спроведен во моментот додека даваше интервју за косовска телевизија од страна на дваесетина полицајци.

На протестот кој што пред некој деен беше одржан во Тетово, а во врска со 14-те жртви кои што живи изгореа во модуларната болница, се бараше одговорност и правда да за истите.

Инаку, Блерим Ахмеди беше уапсен во петокот додека даваше интервју за косовската телевизија Клан Косово.

Додека го даваше интервјуто, интервенирала македонската полиција и беше уапсен како организатор на протестот кој што се случи истиот ден претходно во Тетово, на кој се бараше правда и одговорност за жртвите кои што настрадаа во пожарот во тетовската модуларна болница.

Неговиот адвокат информираше дека тој се товари според членот 384 од КЗ од кој се предвидува од 1 до 5 години затвор.

Во петокот дваесетина полицајци во кафуле го Тетово упаднаа и го уапсија организаторот на протести во Тетово Блерим Ахмеди.

Како што може да се види на самото видео Ахмеди седи во кафуле, а во еден момент упаѓаат повеќе полицајци и како што може да се слушне од истото му велат „мораш да дојдеш со нас, бидејќи си уапсен“, во еден момент тој му се обраќа на полицаецот со кого разговара, „ова го разбирам како диктатура“, на што тој му возвраќа „не, не, нема тука диктатура“. По краток разговор со полицијата Блерим Ахмеди со лисици на рацете беше спроведен во полициската станица во Тетово.

Инаку, граѓаните кои во петокот мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, притоа барајќи правда за нивните најблиски влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.

Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.

Епилогот од истите е, петмина уапсени, меѓу кои и Блерим Ахмеди.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со Ковид 19 кои биле на лекување.

Локални избори 2021