понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

БОМБИ ПО НАРОДОТ

БОМБИ ПО НАРОДОТ

Диктаторот и велепредавник Зоран Заев и неговата клика удрија по народот со сите средства,  удрија со шок бомби  и  со лансери за солзавци, со гумени куршуми и борни коли, со пенрдеци и апсења. Удрија по  здравјето и животот невини луѓе, по  жени и деца, по возрасни  луѓе, удрија по државата Република Македонија и Македонскииот народ.

Удрија силно и сурово, да го сотрат  овој народ и ова земја. Удрија да го задушат народот со солзавци да неможе да диши, удрија по неговата света библиска земја да ја уништат од корен, да се сотре и да не постои. Диктаторот Зоран Заев и неговата клика, здружени со албанскиот блок во власта, владеат со невидено насилство за рушење на државата.

Полицaјците кои ги тепаа и омаловажуваа повеќе од три месеци за време на платеничката шарена револуција,  ги тепаа и удираа со сите средства, со шипки, палки, камења, бекатон коцки, по нив фрлаа контејнери, ги полеваа со боја и ги колнеа со клетви да ги стигне Куманово и само пред пред Владата повредија повеќе од 50 полицајци, сега ги насочија брутално да го тепаат сопствениот народ и да употребат огромна сила против народот и против сопствената држава. Зошто тогаш никој не одговарше и досега никој не е осуден за тие повреди на полицајците, за палењето и ограбувањето на претседателската канцеларија, за уништување на  стотици објекти и нанесубвање на милионски штети? Зошто не е покреката казнена постапка против Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и други бојофрлачи за оштетување на објектите? Цел народ виде дека и Заев и Шекеринска фрлаат со боја по зградата на Министерството за правда?

Сега, масовно се приведуваат новинари и граѓани. Се впрегнаа сите сили да се притворат повеќе десетици граѓани, да се земат на одговорност за својот став дека не се согласуваат со предавството на државата. Целта е сосема јасна, да се влее огромен страв кај народот да затворат што повеќе граѓани и да се задуши народот.

Сега ли се освести полицијата и органите на казненото гонење да приведуваат и постапуваат по повеќе десетици граѓани? Зошто таков селективен однос? Од една страна тотална пасивност на овие органи за нанесување на телесни повреди на полицајци и огроимни штети, а денес толкава ревносност и толкава суровост. Никој не е против законитост, но со целосно почитување на принципот на легалитет, а не за селективност и  политички прогон?

Тие исти полицајци, кои сега ги втурнаа да го тепаат народот со огромна сила, со голема горчина во душата тоа нема га им го заборават на нивните политички ментори и  налогодавци, нема да му заборават на диктаторот Зоран Заев, кој ги втурна против сопствениот народ со толкава сила. И тие полицајци се жртви на ова бездушна предавничка ненародна Влада и диктаторот Зоран Заев и неговата клика.  Времето тоа бргу  ќе го покаеже.

Се повторува истото сценарио. Се предлага Закон за ратификација на противуставен договор со Грција со европско знаменце, по кратка постапка, без дискусија, без расправа во матичната комисија за Меѓународни односи, туку во Комисијата за европски прашања. Се е наместено. Двоецот во Собранието на Македонија Талат Џафери и Атран Груби, повторно се одлучувачките екзекуртори за рушење на македонската држава, по налог на диктаторот и велепредавник Зоран Заев.

Граѓани на Македонија! Македонската држава се демонтира и се демолира, се разградува и уништува, почнувајки од Тиранска платформа, неуставниот Закон за употреба на јазиците, откажување од националното малцинство во Бугарија, со противуставен Договор со Грција за промена на Уставот и промена на Уставното име на државата Република Македонија и губење на идентитетот на македонсакиот народ.

Ние друга држава немаме. Од диктаторот Зоран Заев и неговата клика, ставени сме во положба да се бориме со сите демократски средства за зачувување на нашата држава. Народот е посилен од сите диктатори и велепревдавници и ќе победи, а велепредавниците ќе ги стигне заслужената казна.

КОЛУМНА НА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ