среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

Бомбастична најава, а Ивермектин во аптеките едвај се наоѓа

Бомбастична најава, а Ивермектин во аптеките едвај се наоѓа

Македонските граѓани оставени и без вакцина и без лек. И покрај бомбастичните најави од страна на државните функционери, лекот Ивермектин во македонските аптеки се уште го нема. А, додека Европа и регионот на големо се вакцинираат, во Македонија не се знае кога и колку дози вакцини ќе пристигнат.

Вчера, во раните утрински часови министерот за здравство, Венко Филипче со статус на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека пристигнал лекот Ивермектин, кој позитивно делува против и за лечење на лицата со новиот коронавирус.

Но, набрзо после тоа и во текот на целиот ден, министерот беше демантиран од граѓани кои лутаа по аптеките за да го најдат лекот кој и им лева надеж дека ќе се изборат во борбата против вирусот. Лекот скоро и да го нема во македонските аптеки. Граѓаните, единствено можеа да го најдат во некоја дежурна аптека од големите ланци на аптеки, по цел ден талкање.

Во помалите аптеки лекот го нема, а уште полошо е тоа што нема и од каде да го набават. На социјалните мрежи се јавија со реакција сопственици на аптеки, кои велат лага е тоа дека Ивермектинот го има во аптеките и додаваат дека не знаат и од каде да го набават затоа што го нема и во веледрогериите.

Освен тоа, доктори реагираат и дека ниту еден матичен лекар не е информиран, ниту пак се дадени некакви препораки во однос на употребата на лекот.

„Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки. Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи. Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира. Срамно е лажењето а штетен е ефтиниот PR, напиша матичниот лекар д-р Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил.

Со реакција се јавија и од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека министерот за здравство, Венко Филипче излажа и за Ивермектинот, лекот навидум стигнат во државава, ама реално го нема по аптеките.

„Граѓаните цел ден трчаат по матичните да им го препишат, а матичните велат немам никакви насоки од министертвото за здравство. Знае ли Филипче дека се е многу едноставно. Прво, требаше да го набави на време. Второ, требаше да им даде насоки на матичните и на специјалистите за издавање на рецепти. Но, наместо следење на светските протоколи за лечење корона, Филипче се држи до логиката која функционира во локален маркет или „прв дојден, прв услужен“. Филипче треба и мора да знае дека станува збор за здравје и живот на граѓаните. Затоа треба да ги следи светстките протоколи за лекување на болните од КОВИД-19, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус