петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Бомба“ во Реплек: Мнозинството му изгласа недоверба на директорот Туџаров и другите менаџери

„Бомба“ во Реплек: Мнозинството му изгласа недоверба на директорот Туџаров и другите менаџери

Mнозинството акционери, предводени од Душан и Владимир Пецовски денеска на Годишното Собрание на акционери на Реплек АД Скопје, изгласале недоверба на сите членови на Управниот Одбор и на Надзорниот Одбор на компанијата, објавува Фактор.

Фактор дознава дека мнозинството било впрочем против одобрување на работата на двата одбори, поради незадоволство и нетранспарентно работење.

Согласно Член 363 и 384 од Законот за Трговски Друштва, со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени.

Сите активности, дејствија и овластувања се замрзнати се додека не се назначи нов Управен и Надзорен одбор, на продолжената седница на Годишното Собрание на Акционери во рок од 8 до 15 денови.

Коронавирус