недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бомба на Зекири: Потврди дека Вицето се сретнал со Кичеец и со адвокат близок до Заев

Бомба на Зекири: Потврди дека Вицето се сретнал со Кичеец и со адвокат близок до Заев

На лагата и се кратки нозете, па така вчера доцна вечер СДСМ реагираше на пресот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој обвини за тајна средба помеѓу Зоран Заев и Катица Јанева и Вице Заев, адвокатот близок до екс премиерот и Зоран Милески Кичеец. Пресот на Николоски беше резултат на ПИ-мерките изведени пред судот за случајот „Рекет“ и одговорот кој го доби Инфомакс од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски дека средба помеѓу него и Јанева немало, а дека Зоран Заев е оној кој се сретнал со Јанева.

По неполни 24 часата пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 потврди дека средба помеѓу Вице Заев, адвокат близок до Зоран Заев и Зоран Милески Кичеец навистина се слуучила,

-Вчерашниот случај со случајот „Рекет“ што го спомена колегата новинар е добар доказ да покажеме дека не сме сите исти. Беа прикажани ПИ-мерки беше споменато дека еден од осомничените за случајот „Рекет“ седел со братот на премиерот и со адвокат близок до премиерот во некој кафич во Скопје. Зарем тоа не е доволен доказ дека власта не интервенирала, вели Зекири.

Коронавирус