петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 130
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Натпартиски протест во Куманово за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Бомба на градоначалникот на Сарај: Заев бараше од мене да влијаам да се смени претседател на суд

Бомба на градоначалникот на Сарај: Заев бараше од мене да влијаам да се смени претседател на суд

Премиерот Зоран Заев вршеше притисок врз мене да влијаам на одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд, кажа денес градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети на прес-конференција. Беџети кажа дека премиерот Заев на 17 јули му се јавил и му рекол дека треба да помогне да смени претседател на суд и таа работа треба да биде завршена до септември, пренесува сдк.мк.

„Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциската комисија која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене. Сигурен сум дека ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбив да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.

Тој кажа дека кон него во изминатиов период се прави политички притисок. Вели дека прво премиерот Заев му се јавил и барал од него да ги поништи легализациите на дивоградбите. Како што кажа Беџети, Заев преку неговиот шофер му ја пратил целата документација за платформите на Матка. И градоначалникот Петре Шилегов барал од него да се урне една платформа, а другите две да останат.

Коронавирус