четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Болниците се полни со млади луѓе, предупредува доктор Мехмедовиќ

Болниците се полни со млади луѓе, предупредува доктор Мехмедовиќ

Д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за Канал 5 предупредува дека во болниците постојано има приеми на млади лица, со компликации од заразата.

„Помеѓу нив има и тешки случаи и случаи кои се во терминална фаза, кои за жал, се почесто гледаме дека ги има на дневната статистика на лица кои го загубиле животот. Тоа е нешто што особено нè вознемирува, нас, здравствените работници, зашто не бевме навикнати на една таква состојба, во која гледаме се повеќе млади како ги полнат болничките кревети“, вели тој.

Докторот нагласува дека не смее да се заборави и новата варијанта, која во комбинација со ваквата стратегија, ја дава денешната клиничка слика кај младата популација. Делта-варијантата е поа гресивна кон младите и е една од причините за потешка клиничка слика на болеста.

„Ако продолжиме на овој начин да овозможуваме широка трансмисија на болеста, без да достигнеме задоволително ниво на им*низација, ќе оставиме простор болеста се уште да се развива, да еволуира, да се менува и мутира и да создава варијанти кои во иднина почесто ќе ги таргетираат помладите“, вели тој.

Најнови вести

Локални избори 2021