сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Болни дечиња од штипско со армиски возила пренесени во болница

Болни дечиња од штипско со армиски возила пренесени во болница

Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип.

Како што објави АРМ на својот фејсбук профил, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на дечињата да бидат пренесени во болница.

Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие.