среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Боки 13 во понеделник на распит кај Русковска, Катица Јанева ќе се соочи со неа во вторник

Боки 13 во понеделник на распит кај Русковска, Катица Јанева ќе се соочи со неа во вторник

Првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски, во понеделник е повикан на распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Прв пат Боки 13 ќе одговара на прашања од Обвинителката Вилма Русковска откако му беше определен притворот.

Веќе наредниот ден, во вторник, на распит во обвинителството е повикана и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Таа по втор пат ќе се соочи со Обвинителката Вилма Русковска. Претходно беше повикана во својство на лице од кое се бараат потребни известувања, по што веќе следниот ден беше уапсена.

Двајцата се во притвор како осомничени за „Рекет“.

Инаку за случајот Рекет до сега сведочеа 11 лица. Свој исказ имаше и второобвинетиот Зоран Милевски.