недела, 12. јули 2020. Вести денес: 185
home Вести

Боки 13 треба да биде пуштен од болница, Апелација решава за притворот

Боки 13 треба да биде пуштен од болница, Апелација решава за притворот

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска треба да биде пуштен од Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.

Како што претходно информираа од ГОБ „8-ми Септември“, Јовановски беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Тој е во добра општа состојба и здраствена кондиција, и во болница ќе  остане се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, а најдоцна во понеделник, соопштија во петокот од ГОБ 8-ми Септември.

Јовановски треба да биде вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор за „Рекет“. Дали ќе остане и натаму во притвор, денеска треба да одлучи Апелацискиот суд. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.

Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.