сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Вести

Боки 13 со лисици на лекарски преглед- еве како изгледа по два месеци во притвор (ФОТО)

Боки 13 со лисици на лекарски преглед- еве како изгледа по два месеци во притвор (ФОТО)

Првосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска со лисици на рацете и со полициска придружба беше пренесен на скопските клиники откако се пожалил на болки во стомакот и во градите, објавува 360 степени.

Директорот на Торако-васкуларната клиника, Неџати Јакупи, изјави дека здравствените проблеми на Боки 13 се резултат на претходни хируршки зафати.

Неговата состојба е стабилна, но се потребни дополнителни испитувања.