понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 93
home Вести

Боки 13 секојдневно прима инјекции: Бара итно преместување на психијатриско одделение инаку ќе открие докази за вмешаноста на Заев

Боки 13 секојдневно прима инјекции: Бара итно преместување на психијатриско одделение инаку ќе открие докази за вмешаноста на Заев
ФОТО: СРБИЈА ДЕНЕС

Притворениот Бојан Јовановски – Боки 13 испратил порака до државниот врв на Македонија да биде преместен на психијатриското одделение, дознава српски Курир, а веста ја пренсоа речиси сите македонски електронски медиуми, додавајќи дека Боки 13 нагласил оти ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето.

Повикувајќи се на извор близок до истрагана за Рекет, која со недели го тресе регионот, порталот пишува дека Јовановски од притвор упатил закани дека поседува круцијални докази против Зоран Заев.

– Екипа на Брза помош секој ден доаѓа кај него во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добро, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инјекции за смирување… Деновиве упати порака до државниот врв. Бара да се премести во психијатриско одделение во болница. Имаат рок од три дена, во спротивно, тврди дека ќе ги изнесе цврстите докази кои ги поседува за вмешаноста на Зоран Заев и неговите соработници во неколкумилионска корупција, вели изворот од Скопје.