сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Боки 13 се приклучува кон кривичната пријава за Филипче и Дончев, тврди дека е замешана и Рускоска

Боки 13 се приклучува кон кривичната пријава за Филипче и Дончев, тврди дека е замешана и Рускоска

Бојан Јовановски вчера откри дека се приклучува кон кривичната пријава за поранешниот директор на Фондот за здравство  и за актуелниот министер Венко Филипче во случајот „Димаед“.

Тој вчера изнесе нови детали за овој корупциски случај за кој тврди дека во него е замешат и Јавната обвинителка Вилма Рускоска.

Тој побара надлежен јавен обвинител да го повика да даде исказ за да каже се што знае за овој случај.

-Воедно се приклучувам кон кривичната пријава на Вера Иванова за Венко Филипче и Ден Дончев, рече вчера Боки.

Вера Иванова лани во септември поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Таа тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета од десетина милиони евра.

Парламентарни избори 2020