недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Боки 13 се пожали на болки, Брза помош викната во судот

Боки 13 се пожали на болки, Брза помош викната во судот

Екипа од Брза помош е повикана во судот да утврди дали првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски може да го следи денешното рочиште.

На самиот почеток на судењето, адвокатот на Јовановски забележа дека вчера врз неговиот клиент воопшто не бил извршен конзилијарен преглед, како што тоа го побара претседателката на Судечкиот совет. Наместо тим од специјалисти, Боки 13 го прегледал само дежурен лекар чиј наод уште не е пристигнат во Судот.

Јовановски се пожали дека е под голема количина седативи и дека не бил прегледан во затворот пред да биде донесен во судот.

Судијката Васка Николовска Масевска даде половина час пауза, за да биде извршен преглед врз Боки 13, по што ќе следува одлука дали ќе продолжи денешното рочиште.

Најнови вести

Коронавирус