петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Боки 13 се отвори: Барам изземање на Вилма Рускоска, имам докази против неа тешки 4 МИЛИОНИ ЕВРА!

Боки 13 се отвори: Барам изземање на Вилма Рускоска, имам докази против неа тешки 4 МИЛИОНИ ЕВРА!

Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази? –праша Бојан Јовановски алијас Боки 13.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“  Боки 13 на денешното судско рочиште кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Русковска вреден четири милиони евра. Поради тоа, побара нејзино изземање од „Рекет“.

Јовановски не образложи за што станува збор, и побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа. Кажа дека се обратил до обвинителството, но таму го пренасочиле на судот.

Судијката Николовска Масевска му одговори дека сѐ што има како пријава и докази треба да ги достави во обвинителството.