понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Боки 13: Пандорината кутија ја отворам од овој момент

Боки 13: Пандорината кутија ја отворам од овој момент

„Барам јавноста да биде присутна, да се види вистината со Зоран Милевски и односите кои сме ги имале и како тој мене ме манипулирал. Ова е под секое човечко достоинство, ова го зборувам сам со себе. Ова не се докази, ова е сензационализам“, истакна Бојан Јовановски, објавува ТВ21.

Судијката го прекина Бојан Јовановски.

Јовановски продолжи и и рече на судијката „Ве молам да не ми се дерете“.

Јовановски од забелешката за доказот, продолжи да зборува за неговата здравствена состојба.

Судијката потенцираше дека 17 лекари потпишале дека Јовановски нема малигнитет.

Доби опомена дека доколку не престане да зборува, ќе повика полиција да го изнесе од судницата.

Јовановски заврши со тоа дека од 24.09.2019 година Кичеец започнал со акција и со снимање и оти сега му е јасно зошто тоа го правел.

Коронавирус