четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Боки 13 оди во куќен притвор по 15-месечен престој во Шутка

Боки 13 оди во куќен притвор по 15-месечен престој во Шутка

Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на осудениот во „Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 и тој од ефективен, оди во куќен притвор.

Јовановски под сомневање дека зел од бизнисменот Орце Камчев 1,5 милион евра и тие пари ги испрал, со тоа овозможил и приходи да избега од државава, 15 месеци е во притвор. Тој е обвинет и во случајот „Меѓународен сојуз”, за кој тече судска постапка, но е моментално во прекин поради тоа што на Јовановски му е влошена здравствената состојба и се постојано е во болница.

Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор спрема обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор вели Основниот кривичен суд Скопје.

Јовановски е единствениот обвинет кој остана во притвор, за разлика од други осомничени или обвинети за многу потешки кривични дела кои се бранат од слобода.

извор: sdk.mk

Најнови вести

Коронавирус