недела, 18. август 2019. Вести денес: 53
home Вести

Боки 13 ќе помине 30 дена во „Шутка” одлучи судот

Боки 13 ќе помине 30 дена во „Шутка” одлучи судот

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 предмалку со лисици на рацете излезе од Кривичниот суд во Скопје.

Тој доби 30 дневен притвор.

Попладнево Јовановски беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ по налог на Јавното обвинителство Скопје.

Боки 13 заедно со Зоран Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.