понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 165
home Вести

Боки 13 ќе остане во болница неколку денови за да му се извршат испитувања

Боки 13 ќе остане во болница неколку денови за да му се извршат испитувања

Бојан Јовановски-Боки 13, првообвинет во случајот Рекет, денешниот ден го помина на Интензивна нега во Градската болница “8 ми Септември” во Скопје.

Од истражниот затвор Шутка велат дека Боки 13 не е вратен од болницата “8-ми Септември”, каде беше однесен прексиноќа по барање на затворскиот лекар и со одобрение на Кривичниот суд.

Се очекува тој да се задржи во болница неколку денови за да му се извршат потребните испитувања.