вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13: Јас сум во животозагрозувачка состојба, треба да бидам жив и здрав, а не мртов

Боки 13: Јас сум во животозагрозувачка состојба, треба да бидам жив и здрав, а не мртов

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 денес во Апелациониот суд дава исказ пред судија по жалбата за продолжената мерка притвор.

Јовановски заедно со својот адвокат Сашо Дуковски објаснува зошто треба да излезе од Шутка. Според Боки 13 неговата здравствена состојба е тешка, односно тој бил во животозагрозувачка здравствена состојба.

Истакна дека неговиот физички изглед, не ја отсликувал вистината за здравствената состојба.

-Имам органски проблем, не сум во добра психичка состојба. Јас сум во животозагрозувачка состојба, оштетен ми е нерв при операцијата на желудникот, која ја направив по своја волја. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Белите дробови ми се оштетени, а имам и уште 4 дијагнози на кичмениот столб. Треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Јас можеби надворешно изгледам добро, но не се чувствувам добро. Живеам за да ја докажам вистината и да ја докажам својата невиност, истакна Јовановски.

Локални избори 2021