вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Боки 13: Јас сум политички затвореник

Боки 13: Јас сум политички затвореник

Обвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски тврди дека добивал закани за ликвидација. Во судница се пожали дека рекордно време бил во притвор, и себеси се нарече политички затвореник. Појасни дека се прекршени неговите човекови права за што ги известил амбасадите на САД, Холандија, Франција. Го известил и државниот обвинител Јовески со кого сакал да сподели доверливи информации.

„Оправдано се чувствувам како политички затвореник зашто „Рекет“ се повеќе личи на арена на политичките чинители кои своите битки ги водат преку овој случај. Се чувствувам загрозено и понижено и укажувам дека добивам закани за моја физичка ликвидација“, рече во судницата, Јовановски.

Тој не откри кој му се заканувал, а неговиот адвокат појасни дека заканите доаѓале од високи претставници во државата.

„Во овој момент не би кажал од кого се, но има закани дали ќе зборува или нема, од надворешни лица. Не е херметички затворен затворот Скопје и он многу добро знае од кого и какви закани добива. И овој процес е најмалку правен процес туку е политички процес“, изјави Сашко Дуковски, Адвокат на Бојан Јованоски.

Судењето за Рекет денеска продолжи со сведочење на заменичката на специјалната обвинителка. Елизабета Јосифовска појасни дека таа го потпишала документот за издавање времена патна исправа за бизнисменот Камчев ама рече дека таква пракса имало и во други предмети на СЈО. Како и во истрагата, повтори дека Јанева побарала обвинетите во Империја да платат штета на државата и да не одат во затвор.

Според одбраната, сведочењето на Јосифовска укажало дека Јанева не влијаела при водење на предметот Империја.

Судењето за Рекет продолжува на 20-ти јануари со сведочење на обвинителите кои ги водат предметите Империја и Поштенска Банка. Пред судот ќе сведочи и шефот на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Јанева.

извор: sitel.com.mk

Коронавирус