недела, 25. август 2019. Вести денес: 24
home Вести

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније.

Тоа значи дека Бојан Јовановски и Зоран Милевски како осомничени, остануваат во 30 дневен притвор.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15.07.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост. На 15.07.2019 год. постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти судот.