сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Боки 13 и мајка му за три дена во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра

Боки 13 и мајка му за три дена во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра

За три дена шопинг во Милано, Италија, сега првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка, за шопинг во февруари 2019 година, според документите кој ги приложи ОЈО, за три дена потрошиле  точно 148.052 евра, објавува Слободен Печат.

Обвинителката Ивана Трајчева прочита серија сметки за „tax free“ кои беа во износ од 3.605 евра, 890 евра, 9.880 евра, 675 евра, 9.570 евра, 5.800 рвра, 7.980 евра, 9.915 евра, 7.865 евра, 1.440 евра, 2.535 евра, 14.820 евра, 14.965 евра, 10.430 евра, 26.800 евра, 6.680 евра и ред други.

Во понатамошниот тек на денешниот процес беа презентирани одредени комуникации помеѓу Бојан Јовановски и неколку лица.

Па така на 5 февруари лани пратени се фотографии од страна на Бојан Јовановски кон Катица Јанева. Сликите се од мебел во кој тој и пишува дека „завршена е работата, ги одбрав“.

Во Ватсап комуникацијата меѓу Боки 13 и Камчев се разменуваат фотографии од покана дадена од СЈО кон одредено лице и дознака за што се повикува. Камчев му праќал порака на Боки 13 од Одлука на Врховниот суд, а потоа следела комуникација во која Камчев му пишал на Боки 13: „Лиле не мирува“.

На 10.03.2019 повторно има комуникација помеѓу Камчев и Јовановски кој се договараат да се видат.

Во една од пораките Камчев го известува Боки 13 дека понудил два дуќани како гаранција.

Ременски и Јовановски на 24 декември лани таа му пишува:

„Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучи дека ќе го ослободат Орце“. Во друга порака пак во која таа на Боки 13 му кажува дека на пратенички прашања се поставувало прашање за „Коки“.

Во Ватс ап има комуникација помеѓу Дејан „Пелистерка“ и Бојан Јовановски. Во една порака Боки 13 го известува дека стигнало барањето, а во една порака Јовановски добива одговор „Бојан другар денес 500, не можам повеќе ме блокира царина“.

Најнови вести

Коронавирус