четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Бојковски: Локалната власт во Гази Баба не престанува да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и истите да ги претставува како свои

Бојковски: Локалната власт во Гази Баба не престанува да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и истите да ги претставува како свои

5 месеци СДСМ, 5 месец лаги и неработа. Локалната власт во Гази Баба не престанува да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и истите да ги претставува како свои. Советниците на СДСМ од општина Гази Баба вчера без грам срам излегоа и се фалеа со пуштање во употреба на проектите изградени од ВМРО-ДПМНЕ. Водоводниот систем за високата зона во Раштак, кој СДСМ сака да го претстави како своја инвестиција е изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ и претходните градоначалници на општината и градот Скопје, додека СДСМ и Борче Георгиевски само отидоа и ја пресекоа црвената лента, истакна Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Иста е и состојбата со фекалната и атмосферска канализација на ул. 28 во Сингелиќ, проект на ВМРО-ДПМНЕ, од план до реализација. СДСМ пет месеци откако е на власт во општина Гази Баба нема отпочнато ниту еден нов проект. Изградбата на вакуумската фекална канализација во Јурумлери, која СДСМ исто така ја претставува како своја инвестиција е започната во време на ВМРО-ДПМНЕ и сега само продолжува да се гради, значи не станува збор за нова инвестиција како што СДСМ се обидува тоа да го претстави. СДСМ наместо да го реализираат тоа што им го ветија на граѓаните, ја лажат јавноста од партиски прес конференции, фалејќи се со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој и додаде:

„СДСМ не само што немаат отпочнато ниту еден нов проект, туку и не можат да ги извршуваат тековните работи на општината, како чистење на сметот и одржување на комуналната инфраструктура. Жителите на општина Гази Баба секојдневно гледаат преполни контејнери, отпад на сите страни, дупки на улиците, прегорени улични сијалици, станавме општина лидер во загадувањето и нехигиената. Граѓаните точно знаат кој што направил за општината. ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДСМ има голем број на проекти со кои може да се пофали пред граѓаните, еден од нив е и плоштадот на кој сега се наоѓаме, кој СДСМ сакаше да го оцрни. Имено овој плоштад, кој стана обележје на населбата Автокоманда и општината Гази Баба е граден со донации од компаниите кои се сместени во нашата општина, средства од општината и владата на Република Македонија. Но веројатно проблемот за СДСМ е што истиот е изграден пред повеќе години, па не можат да речат дека тие го изградиле“.

СДСМ, потенцира Бојковски, наместо да се обидуваат да манипулираат со граѓаните, нека се зафатат со работа, бидејќи граѓаните очекуваат работа, а не празни зборови и манипулации.

Најнови вести

Коронавирус