сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 104
home Вести

Бојковски: Граѓаните во општина Гази Баба немаат видено ниту еден проект изграден од СДСМ

Бојковски: Граѓаните во општина Гази Баба немаат видено ниту еден проект изграден од СДСМ

Денес ќе се пушти во употреба новиот Културен дом во Автокоманда. Ова е уште една успешна инвестиција која подоцна се реализира со поддршка на владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и беше потпишан договорот на ден 11.12.2015 од претходниот градоначалник, Тони Трајковски, истакна денес Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-По принципот на Јавно Приватно Партнерство, Општината добива нов современ културен дом и библиотека кои се во сопственост на општината, и партнерот на француската компанија Фамес кој изгради за себе најсовремено музичко студио за снимање на филмска индустрија. Оваа инвестиција е од околу 1,5 милиони евра и каде ќе бидат ангажирани околу 150 врвни музичари и ова ќе биде место каде што жителите на Општина Гази Баба ќе уживаат во културно забавните манифестации и ќе имаат можност во модерна библиотека да другаруваат со книгите. Упатуваме апел до сегашниот градоначалник, до министерот за култура и до владата предводена од СДСМ да започнат со изградба на вакви капитални проекти какви што се градеа во времето на ВМРО-ДПМНЕ добро е што ги промовираат нашите проекти но редно е и тие нешто да започнат да градат, рече тој.

Бојковски порача дека граѓаните во општина Гази Баба досега немаат видено ниту еден проект изграден од СДСМ.

-Ова е уште еден доказ за домаќинското работење на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Гази Баба е единствена општина со два проекти реализирани по принципот на Јавно Приватно Партнерство тоа е културниот дом во Автокоманда и фудбалскиот тренинг камп во Хиподром. Проекти вредни околу 6.5 милиони евра, а се во сопственост на Општина Гази Баба, додаде тој.

Коронавирус