четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 163
home Вести

Богоевски: Ако не добиеме датум, треба да бидат спуштени телефоните за ЕУ

Богоевски: Ако не добиеме датум, треба да бидат спуштени телефоните за ЕУ

Сите очи овие денови се вперени во Франција и Брисел. Се нижат коментари, анализи, дебати со експерти, што ако конечната одлука в петок за Македонија биде недоделување датум за преговори.

Поранешниот пратеник Павле Богоевски децидно вели ако одлуката биде негативна, тогаш Македонија би требало да ги спушти телефоните за ЕУ.

-Ова однесување на Унијата е под стандардите и доста разочарувачки. Со тоа ќе падне и еланот во земјава а треба да бидеме и свесни дека одлуката во голема мера би се одразила во државата. Телефоните за ЕУ тогаш би требало да бидат спуштени-изјави Богоевски во синоќешната анализа на ТВ24.

Богоевски посочува дека недоделувањето на датум ќе донесе внатрешни и надворешни политички последици.

-Внатрешнополитичките ќе доведат до дестабилизација на позицијата на сегашната влада и можно е владата да го изгуби мнозинството заради неисполнето ветување од ЕУ. На надворешен план тоа се најмалите последици“ – потенцира Богоевски.

Според него најлошото сценарио ќе не оддалечи од ЕУ а во тој случај ќе ни останат само Русија, Турција и Кина.

Коронавирус