четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Богоев бетонира дрва и прави паркови на асфалт, додека кејот на Вардар е вистинска депонија – граѓаните му одржаа лекција на градоначалникот

Богоев бетонира дрва и прави паркови на асфалт, додека кејот на Вардар е вистинска депонија – граѓаните му одржаа лекција на градоначалникот

Откако градоначалникот на Карпош Стефан Богоев преку статус на Фејсбук се пофали дека градел паркови, а ВМРО-ДПМНЕ било против истото, граѓаните му одржаа лекција на Богоев кој ветуваше, а не исполни и не изгради речиси ништо во својот мандат.

И додека граѓаните го чекаат месец октомври за да му кажат збогум на најнеспособниот градоначалник во Карпош, тие преку фотографии и коментари на социјалните мрежи го демантираа истиот дека градел паркови, а опозицијата била против нив.

Веројатно им е чудно на ВМРО-ДПМНЕ и Тони Јаревски што денеска јавните површини во Карпош прераснуваат во паркови,…

Posted by Stefan Bogoev on Вторник, 20 април 2021

 

Дел од коментарите се дека градоначалникот ќе гради парк на асфалт, а дел од граѓаните му испратија и фотографии од ветуваните паркови, а денес истите се прераснати во депонии низ општината.

На дел пак каде имаше паркови никнаа и згради, а граѓаните сето тоа му го предочија на градоначалникот под неговиот пост во кој ги нападна неистомислениците дека се против градење на паркови.

Коронавирус