среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 3
home Вести

Боби Темелков: На 12 април 2020 СДС и Заев мора да паднат!

Боби Темелков: На 12 април 2020 СДС и Заев мора да паднат!

Да се потсетиме, СДС и Заев дојдоа на власт со фалсификувани избори поништувајќи ја вољата на Македонскиот народ , немаа добиено мандат да формираат влада, а уште помалку мандат да го сменат уставот а со тоа и нашето име Република Македонија. Сите велепредавнички договори кои ги потпишаа од нивното нелегитимно доаѓање на власт па се до денес се противуставни и нелегитимно за нас Македонците. Време е да падне таа нелегитимна мафијашка власт која ја именувам во текстов без М поради тоа што не е Македонска, и самиот Заев си го призна тоа. Следниот процес во целосното разнебитување на Македонија е вид на кантонизација /федерализација и поделба на Македонија. Штом го слушнете Заев во неговиот муртински стил да каже “Велат Заев ќе ја федерализирал Македонија – Ајде мајкатааа”, тоа е знак дека навистина работи на тоа и ќе се случи, се разбира ако ние Македонците не му застанеме на патот овој 12 Април 2020 !

Моја лична анализа на ситуацијата во Македонија и опциите на Македонскиот народ за следиве парламентарни избори на 12 Април 2020.

(Бојкотирам) не оди во полза на Македонија и Македонскиот народ ,не оди во полза поради тоа што за парламентарни избори не е потребен цензус ,и 25% од гласачкото тело да испадне и гласа ,победникот ќе формира влада. По моја лична проценка најголем број на незадоволни гласачи кои размислуваат да не гласаат се десничарско ориентирани гласачи кои традиционално гласаат за ВМРО ДПМНЕ. Гласачите на СДС и Албанските гласачи ќе излезат и ќе гласаат ,никој од нив не сака да ги изгуби благодатите стекнати од досегашното мафијашко владеење на илегалната власт и шансата за федерализација која Заев им ја нуди на тацна,само за да остане на власт. Да ,ако бојкотираме ВМРО ДПМНЕ ќе биде казнето и највероватно ќе ги изгуби изборите ,но што вреди тоа кога со повторното доаѓање на СДС и Заев ќе ја изгубиме пола Македонија ,а делот што ќе остане ,ако остане ? пак ќе биде со срамната придавка северна?

(Не гласам во северна) За да ја промениме северна треба прво да ја освоиме власта во таа северна ! Заев најавуваше виткање кичма но не беше во можност да ја витка како опозиционер,за да ги исполни нарачките од бело светската елита и албанските коалициони партнери мораше да дојде или поточно да го наместат да биде на власт .Историјата не учи ,победи па владеј ,затоа мораме да победиме во северна за да имаме шанси да завладее Македонија, друг начин нема ,никој нема да ни го врати достоинството ако ние самите не се избориме за него. Демократијата се добива со партиципација ,слободата со борба,ако не успееме да ја вратиме демократијата со партиципација ,тогаш борбата не ни бега!

(Трета опција) Имам блиска соработка со многу интелектуалци, патриоти, организации, мали партии и друштва од Македонија и ширум дијаспората кои искрено работат и се трудат да ја создадат таа трета опција која толку многу и е неопходна на Македонија и гласачите кои незадоволни од политиката на двете големи партии.Имаме голем интелектуален кадар со голем потенцијал во тие мали партии и организации ,но без тоа обединување немоќни да им парираат на двете најголеми партии кои во последните 30 години на директен или индиректен начин се работодавачи а во исто време и уценувачи за гласови на една третина од Македонското гласачко тело ,тој маѓепсан круг наречен партиска книшка еднаш засекогаш мора да запре, за доброто на Македонија ! За да се изгради силна Трета опција, потребно е многу работа ,многу финансии и најважно од се обединување и паѓање на личните суети кај многу поединци, имаме многу повеќе војводи од колку комити! Создавањето на трета десничарска Македонска опција е неминовен процес и ќе случи порано и покасно, јас третата силна опција не ја ни гледам како противник на ВМРО ДПМНЕ туку како бенефит, опција за Македонец со Македонец коалиција наместо Македонец со Албанец коалиција ,коалиција во која Албанците ги обраа сите плодови а Македонците останаа со дршките во рака. Да не се лажеме, денес во Македонија таа трета опција е во првите рани чекори, немоќна да направи било какви промени на политичката сцена во Македонија а уште помалку да им парираат на двете најголеми партии.

(ВМРО ДПМНЕ) е единствени партија со моќ ,огромно гласачко тело, финансии и логистика за да падне СДС и Заев моментално за противник го има само ВМРО ДПМНЕ. Многу Македонци се во најмала рака разочарани од конструктивната пасивна политика на опозицијата во последниве неколку години, многу Македонци одат и чекор подалеку нарекувајќи ја опозицијата и нем соучесник во процесот, потполно ги разбирам и до некаде е оправдан тој заклучок. Немам намера да ги правдам постапките на опозицијата,но колку и да звучи патетично сепак морам да спомнам дека последниве неколку години опозицијата беше под големи надворешните и внатрешни политички и финансиски притисоци ,гео политиката беше свртена против Македонија, а каде што има сила нема правдаа, најдобар пример за тоа се немилите случувања кај комшиите на чело со Слободан Милошевиќ. Гео политиката е ликвидна не мирува на едно место долго време ,треба да бидеме стрпливи а уште поважно спремни кога картите ќе се свртат во наша корист! Не чека долга макотрпна борба за да си го вратиме нашето достоинство како Македонци ,но за да ја промениме северна ,повторно ќе кажам ,треба прво да ја освоиме, првата битка не чека е на 12 Април ,битката се вика (СДС и Заев мора да паднат).

Анализирајќи ги погоре наведените опции мојот личен заклучок е дека треба да се обедини се што е Македонско, во Македонија и во Дијаспората во едната и единствена опцијата која може да го запре СДС и Заев.

СДС и Заев мора да паднат на 12 Април! Ако нејќете да гласате поради тоа што мислите дека опозицијата не заслужува мандат, гласајте поради тоа што ВМРО ДПМНЕ заедно со целиот Македонски народ се единствената сила во овој момент кој може да го запрат СДС и Заев во процесот-Разнебитувањето и Федерализација на Македонија !

Дојдете до свој заклучок за кого треба да гласате, но на 12 Април излезете и гласајте ,СДС И ЗАЕВ МОРА ДА ПАДНАТ !

 

Пишува: Боби Темелков за „брегалнички.мк“.

Коронавирус