понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 128
home Вести

„Блумберг“: Македонија со ова темпо на вакцинација ќе стекне колективен имунитет за 10 години- последни во регионот

„Блумберг“: Македонија со ова темпо на вакцинација ќе стекне колективен имунитет за 10 години- последни во регионот

Со ова досегашно темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за повеќе од 10 години, покажува истражувањето на „Блумберг“.

-Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште 10 години за да се имунизира 75 отсто од популацијата, пишува „Блумберг“.

За разлика од Македонија, на Албанија потребни ќе и бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 проценти од населението.

Бугарија ќе стекне колективен имунитет за три години од сега.

Србија е лидер по вакцинација во регионот и за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.

На Грција пак, со ова темпо ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.

Коронавирус