сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Вести

Близу 100 ДЕЦА СЕ ЗАТРУЕНИ во кумановската градинка, а не 30, тврди еден од родителите

Близу 100 ДЕЦА СЕ ЗАТРУЕНИ во кумановската градинка, а не 30, тврди еден од родителите

Околу триесетина деца биле затруени во кумановска градинка, но еден од родителите тврди дека таа бројка изнесува близу 100.

Како што беше објавено резултатите се очекуваат да бидат готови до среда, а утрово 90 проценти од упатите за во лабораторија биле од оваа градинка.

-Децата се примени во детскиот оддел и педијатријата, а медицинскиот персонал трчал на сите страни и не можел да постигне со прегледување на дечињата, тврди родителот за нашиот портал.

Тој додава дека во саботата и неделата околу 100 дечиња се пожалиле на труење и дека не вистинита информацијата за само 30-тина дечиња кои се затруени.

-Самиот доктор во неделата сабајле кој работеше во ургентниот центар ни рече дека над 50 дена вчера биле донесени и примиле инфузија, додава родителот во изјава за КУРИР.

Инаку затруените деца се на возраст од две до шест години и се од три објекти од градинките „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“, а како симптоми имале повраќање, дијареја, болки и грчеви во стомакот како и температура.

Дел од родителите пак, ги одвеле децата на лекување во Скопје.

Директорката на градинката, Марина Алексовска, пак на прес-конференцијата, изјави дека ги чекаат податоците од анализата на надлежните од Државниот санитарен здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и на епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово кои сè уште се во објектот „Пчелка“ и земаат брисови и потребни материјали за епидемиолошкото истражување.

Токму во овој објект се подготвувала храната за потребите на децата од овие три градинки, која од денеска официјално е затворена за работа, соопштија денеска и надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија