недела, 9. мај 2021. Вести денес: 135
home Вести

Близнаците Тео и Тони новата година ја дочекаа во темница, со скромни желби (ВИДЕО)

– Баба и дедо да бидат здрави, беше желбата на близнаците за Новата година.
Близнаците Тео и Тони новата година ја дочекаа во темница, со скромни желби (ВИДЕО)

Дочекот на новата година и испраќање на старата за многумина беше повторно најлудата ноќ во годината.

Но за семејството Зафировски оваа вечер беше уште една во низата поминати без струја и во тишина.

Сторијата за нив денес ја пренесува порталот А1Он

Близнаците Тео и Тони заедно со своите баба и дедо новата година ја пречекаа на скромна трпеза со желба и надеж дека во годината која следува работите за нив ќе се променат и тешката состојба во која се наоѓаат ќе биде надмината.

– Изминатата година беше добра, оваа новата нека биде подобра, посака бабата на Тео и Тони.

Благодарение на хуманите граѓани Тео и Тони за новогодишната ноќ добија месо на скара, а нивната баба подготви руска салата, сарма и погача на стариот шпорет на дрва. За останатите граѓани оваа трпеза на семејството Зафировски е скромна, но за нив, како што вели бабата Станка, тоа е најобилната вечера која некогаш ја имале при што по којзнае по кој пат се заблагодари на сите хумани граѓани кои им испратија храна, топла облека и дрва за огрев.

– Баба и дедо да бидат здрави, беше желбата на близнаците за Новата година.

Целата сторија прочитајте ја на А1ОН

Коронавирус